Магазинот Билборд овие денови ја објави најубавата вест за сите обожаватели на британската поп сензација Адел.
Имено, како што пренесува магазинот, голема е веројатноста долгоочекуваниот албум на пејачката насловен како „25“ да излезе во продажба овој ноември.
Тие дури пренесуваат и детали како големи музички имиња со кои Адел работела на албумот, колку песни би имал и исклучително позитивни коментари од големи луѓе во музичката индустрија.
За дел од песните, пејачката соработувала и со канадскиот музичар Тобиас Лесо Џуниор и Рајан Тедер со кои претходно работеше на „Rumour Has It“.
Последниот албум на британската сензација со наслов „21“ доживеа глобален успех со продадени повеќе од 11 милиони копии, а беше прогласен и за најпродаван во 2011 и 2012 година.
Веќе неколку години, 27 – годишната пејачка е целосно посветена на нејзиниот тригодишен син Анџело и партнерот Сајмон Конецки со кого ужива во семејната идила.