Во среда започнува четвртото издание на Fashion & Lifestyle Expo!

18 март 2019

Уште само два дена не делат од четвртото досега најдобро издание на Fashion & Lifestyle Expo.

Вратите на Македонска Опера и Балет ќе бидат отворени од 15.00 часот кога настанот и официјално ќе започне, а влезот е бесплатен.

Овогодинешното издание се одржува на пет сцени: Main Stage која тематски се трансформира во #ГрадотСлуша, #ГрадотГледа и #ГрадотЧита, Градот Шкртка, Градот Убав, Градот Урбан и Градот Мечтае.  Покрај сцените, и Галеријата на МОБ ќе биде исполнета со седум паралелни изложби.

Официјалното отворање е во среда (20.03) од 20 часот. Од 20.30 часот следува настап на фантастичната саксофонистка Александра Илиева, после чиј настап публиката ќе има можност да ја проследи ревијата на Per Sempre. Вечерта ќе ја затвори селекцијата на пријатни звуци на DJ Micajkov.

Во четврток (21.03) вечерниот дел ќе започне со перформансот на Бојан Ковски од 20.30 часот, по што ќе следи и „Fashion performance” – ревија на Мала Камила. За расположението да остане на максимално ниво, ќе се погрижат In The Mood.

Петок, последниот ден на настанот (22.03) ќе биде заокружен со уметноста од миксологија на shot.mk, DJ сет со Dj Fici, и како круна на настанот – Доделување на наградите на натпреварот Hyundai: Driven by design.

Објавено:
18 март 2019
Категорија: 
Култура
Прочитано:
99 пати