За возрасните кои заборавија да сонуваат –„Дете сонува“ одлична музичка фузија на Саше Љолес и Тони Зен

18 декември 2019

За што сонуваат децата? Ги купува ли светот на возрасните нивните соништа? И воопшто имаат ли цена детските сни?

Ако сте заборавиле да сонувате, „Дете сонува" ви дава одговор на прашањата, а притоа ќе го разбуди детето во вас.

Двајцата исклучителни артисти Саше Љолес и Тони Зен, успеаа од своите различни музички сензибилитети да создадат одлична фузија спакувана во ново музичко парче „Дете сонува", за кое вчеравечер во „Long Play" беше промовиран и видео записот во соработка со „Мелем продукција“.

Неслучајно и тајмингот за промоцијата беше резервиран за овој претпразничен период од годината, кога барем на момент сите си го дозволуваме „луксузот" да си направиме муабет со детето во нас и да го прашаме дали и за што сè уште сонува?

Ве препуштаме на музичко уживање.

Музика: Саше Љолес, Владимир Чадиковски
Текст: Саше Љолес, Тони Петковски
Аранжман: Саше Љолес, Владимир Чадиковски, Мартин Јосифовски, Александар Џигер Ванчовски, Тони Петковски Придружни
вокали: Светлана Јовановска
Глумци: Томе Станковски, Михаил Тасевски
Снимено, миксано и мастеризирано во студиото "Knobs, Keys 'n stuff" на Бојан Филиповски Видеото е изработено од MELEM PRODUCTION: Режија: Огнен Шапковски, Директор на фотографија: Кристијан Теодоров, Александар Ивановски

Објавено:
18 декември 2019
Категорија: 
Култура
Прочитано:
543 пати