Забранета љубов

19 октомври 2017

Се запознале на сетот на филмот „Woman of the Year" во 1942 година и многу бргу ја започнале својата љубовна романса која траела сè до неговата смрт во 1967 година. Заедно имаат играно во девет филма, а за нивната љубов знаеле сите, но тој никогаш не ја оставил својата сопруга.


Кетрин Хепберн и Трејси Спенсер биле заедно 26 години, но никогаш вистински. Нивната врска била јавна тајна, но Трејси бил ирски католик, традиционалист кој не можел да ја поднесе грижата на совест која би била оптеретувачка за него ако евентуално би се развел од својата сопруга Луиз со која имал две деца. Кетрин е една од најголемите икони на Холивуд која и самата ќе каже дека правела буквално сè за него само да го задржи. Кога се запознале, Трејси веќе бил познат прељубник.

Од неговата сопруга одамна се имал отуѓено, особено кога разбрале дека нивниот син Џон е роден глув. Имал афери со Селена Ројл, Бети Хана, Ингрид Бергман, Џоан Крафорд, Бет Дејвис. Кога двајцата ја почнале својата афера не и бил верен ниту на Кетрин.


„Зошто не си најдеш некој со кого ќе се венчаш и ќе имаш семејство? Кога ќе остареш ќе бидеш сосема сама“, - и зборувал режисерот Кларенс Браун.
Кетрин му одговорила: *Да,да и ќе се сеќавам на овие луди времиња.*

Таа знаела дека тој нема никогаш да ја остави својата сопруга и немала ама баш никаков проблем.


„Бев целосно независна и никогаш не сакав да се мажам. Сакав сама да си терам по својот пат“.

Ден денес не постои ниту една нивна заедничка неофицијална фотографија. Сите фотографии им се од нивните филмови. Морале да внимаваат да не ги начекаат заедно, затоа што продуцентските куќи тоа го барале од нив, да не прават скандал и нивната врска не смеела никако да биде јавна. Иако никогаш не се развел, последните пет годинии од својот живот тој ќе ги помине со Кетрин која пак, поради неговата болест за да се грижи за него, направила пауза од својата филмска кариера пет години. Не отишла на неговиот погреб поради почит кон неговото семејство. Кога Кетрин ќе и се јави на Луиз после смртта на Трејси и ќе и понуди пријателство таа ќе и одговори: *Јас пак мислев дека си само една од многуте афери.*


„После 30 години само афера? Тоа беше длабока рана. Јас и Спенс делевме многу работи заедно, добро и лошо, се познававме добро. Тоа што тој никогаш не призна за мене дека постојам е точно, но таа остана негова сопруга. Таа ни праќаше божиќни честитки. Спенсер виновникот, таа жртвата. Јас нивниот брак не го растурив. Тоа се случи години пред јас да се појавам“ - пишува во својата биографија Кетрин дури откако Луиз ќе почине. Тогаш и прв пат ја признава својата врска јавно со Трејси.

„Зошто останав со него и никогаш не го оставив? Тие години за мене беа совршени“ќе изјави Кетрин.

 

Објавено:
19 октомври 2017
Категорија: 
Култура
Прочитано:
1.985 пати