Жените го сметаат за секси, мажите не разбираат зошто

25 мај 2021

Одамна не се зборувало за евровизиски победник, како што годинава се зборува за младиот Демиано Давид.

Покрај сите скандали, анализи на настапот и однесувањето после тоа, за овој 22-годишен рокер низ социјалните мрежи се дискутираше на големо, а посебно за неговата (не) убавина.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Damiano David (@ykaaar)

 

Велат дека жените кога се љубоморни или несигурни во себе, ги критикуваат оние што изгледаат подобро од нив. Може ли да го кажеме истото и за мажите?

А убавината е во око на набљудувачот.

Жените го сметаат за исклучително секси, додека на мажите не им е јасно зошто.

„Како може да е секси маж од 40 кила, во џеб можеш да го ставиш? Што ќе правиш со него“, вели еден од мажите кои ги прашавме за коментар.

„Секси им е бидејќи е поинаков, а најмногу од сè бидејќи е рокер. Жени отсекогаш се “палеле“ на рокери“, вели друг.

 

„Искрено, ни мене не ми е јасно зошто им е толку секси. Може да е ок човече, ама вака претставен, навистина не гледам ништо привлечно“, вели уште еден кој го прашавме за мислење.

Поради килажата навистина изгледа нездраво и поради тоа се вртат стереотипи околу него. Потсетува на „опасно“ момче, па веројатно оттаму симпатиите на жениве. Мене ме потсетува на комарец и не гледам ништо привлечно“, беше уште едно мислење на кое наидовме.

Низ интернет просторот пак, се појавија и машки коментари дека е премногу феминизирам, дека е микс од Вили Вало и Фреди Меркјури...

Од друга страна, жените беа уште поконкретни во ставот дека 22 годишниот Италијанец е навистина секси.

Од коментари дека „би му раѓале деца“ до тоа дека е поинаков фраер, жените не штедеа пофални зборови.

Еве какви коментари добивме ние.

Секси е, тоа сигурно, да не се лажеме. Дека родителите нема да го сакаат и тоа е сигурно, но дека другарките ќе ти љубоморат до бескрај и тоа е сигурно. Она што не би му го простила само се штиклите, моливчето да“.

Ликот поседува харизма и шарм што е редок денес. И отстапува од сето тоа што е поставено како норма и стандард за привлечен физички изглед денес, а сепак целата таа привлечност ја има во изобилство“.

Има луда енергија, изгледа многу позрело за годините, има харизма и став кои се многу привлечни. Цртите на лицето му се убави и има сексапил во него“.

„Не се само мажи од два метри секси. Килограмите немаат врска со сексапилот. Човеков е убав. Нашминкан или не, има убави црти и луда енергија кога настапува. Одамна сме немале некој ваков, откачен и мистичен, така што не ме изненадува што толку се зборува за него“.

 

Андрогинијата се покажа и повеќе од прифатлива за повеќето жени.

 

И некаде во последните коментари е и заклучокот кој може да се извлече и одговорот кој го бараат мажите. 

Постои прототип за секси маж - висок, крупен, со брада, но тоа не значи дека во другите мажи не може да се најде убавина, сексапил или харизма. Со нешто се раѓате и без разлика на пропорциите и физичкиот изглед, зрачите. 

Епа Италијанецот очигледно зрачи со енергија, како што велат жените, харизма и став и токму тоа е она што го издвојува. 

Тетоважите некому се допаѓаат некому не, шминката и косата исто така. Но, никој не може да го негира талентот и она „нешто“ што го издвојува од толпата.

На интернет наидовме на коментари и дека не изгледа како вистински маж.

А што е, или кој е вистински маж?

Италијанецот изгледа како воопшто да не му е гајле дали некој мисли дека е доволно маж или не, па веројатно и оваа карактеристика е уште една од списокот на жените кои го дефинираат како секси и привлечен.

Давид покажа дека има став, има мистичност, различен е, изгледа опасно, има фантастичен глас, доминира кога ќе застане на сцената, има самодоверба...

За некого вистински маж е токму ова, за друг да има мускули и да биде крупен, за некој трет пак, да има стомаче и да знае да тресне со раката од маса, да му се чуе гласот. 

Ефемерна тема ќе речете, но дури и од вакви се гледа какви ни се размислувањата, прифаќањата и на крајот и желбите.

 
 
 
 

 

Објавено:
25 мај 2021
Категорија: 
Портфолио
Прочитано:
23.122 пати