„Златна бубамара на популарноста“ ќе се емитува в недела

26 март 2021

Веруваме дека во ова време кога повеќе сме во нашите домови, неколку часовната забава што секогаш ја нуди „Златната бубамара на популарноста“ ќе биде и тоа како добредојдена.

Како што е веќе најавено, новото вонредно пандемиско издание ќе се емитува в недела, на Канал 5 телевизија со почеток од 20 часот.

Со оглед на секогаш огромниот интерес за оваа манифестација, оваа година нема да има потреба за карта, бидејќи сите ќе ја гледаме од прв ред - удобноста на нашиот двосед, тросед или фотелја.

Во продолжение ви ја пуштаме и официјалната најава.

 

фото: facebook.com/zlatna-bubamara-na-popularnosta

Објавено:
26 март 2021
Категорија: 
Култура
Прочитано:
1.262 пати