15 години „Секс и град“ мода

7 јуни 2013

На денешен ден пред 15 години е објавена првата епизода од ултрапопуларната серија „Сексот и градот“. Да беше серијата бебе, денеска ќе имаше доволно години да ги облече првите Маноло чевли. Иако, серијата веќе одамна официјално престана да се емитува, на телевизиите со соочуваме со бројни репризи, со кои секогаш одново уживаме во модата.

Иако започна како обична серија, „Сексот и градот“ остави голема трага, особено кога се работи за стилот и тоа не само на Њујорк како град, туку и на ликовите поединечно.

Изгледот на Кери се состоеше од добар спој на винтаж и висока мода, Миранда ја гледавме во минималистички креации, кои имаа за цел да дадат порака на моќна, деловна жена. Шарлот беше романтичната девојка, додека Саманта ја паметиме по впечатливите и смели креации, кои ги истакнуваат женските облини. Нивните стајлинзи кажуваа многу за нивните идентитети.

Тоа е заслуга на костимографката Патриција Фиелд, која стана позната токму по тоа што стилот на секој карактер го разработи до послед детаљ. Внесе урбан сензибилитет во естетиката на секој од ликовите.

Во една прилика, Кери во момент на финсиска паника изјави: Потрошив 40.000 долари на чевли, а немам стан. Ќе бидам стара жена која живееше во своите чевли“. Бредшо имаше преку 100 чифта чевли, од кои секој во просек чини 400 долари. И покрај тоа што таа често запаѓаше во финансиски неприлики поради тоа, таа ја праќаше пораката дека, „секоја девојка има право на свои чевли“.

Фенди чантата на Кери стана „must have“ , и ја крена целата индустрија откако се појави во модното списание Вог. По неа следеа Витон чантата Мураками, како и „моторџиската“ чанта на Беленсиага. Всушност, Фенди е првата модна куќа од која позајмија чантичка. После нив, модните куќи ги отворија нивните порти.

Кога се модните додатоци во прашање, Миранда ги оживеа чантите и чевлите во боја на пудра, Саманта впечатливите очила за вид Шанел, со цел да ги нагласи своите години. Исто така, таа носеше брошеви, скапи обетки, за да ја нагласи женската моќ, додека Миранда, како најчувствителниот лик, ја сакаше модата, но не живееше за неа. Шарлот беше принцезата од Менхетен, следејќи го стилот на Џеки Оназис.

А голотија? Со оглед на насловот на серијата, имаше. Сите дами ( освен Сара Џесика Паркер која во договорот ја уфрли клаузулата “без голи сцени“), се разголија во последните епизоди.

Кон крајот на 1990-тите, се` беше во знакот на халтери и корсети. Ги снема контроверзните фустани и го покажаа телото и индивидуализмот. Кери прва носеше долна облека од тантела која се гледаше под фустаните, намерно и нападно, Она што порано беше незамисливо, во што спаѓа и видливоста на прерамките од градникот, стана еден од најактуелните трендови.

Објавено:
7 јуни 2013
Категорија: 
Актуел