По повод 25 ноември кој е официјално прогласен за Светски ден за борба против насилството врз жените, на светско ниво се одржуваат неколку изложби, филмски фестивали, конвенции, иницијативи и поетски вечери посветени на сите жени подеднакво.
Темата за 2013 година е: „Обединети за искоренување на насилството врз жените“!
Оваа година, кампањата на Обединетите Нации е продолжување на портокаловиот ден за уште 16 дена, почнувајќи од 25 ноември до 10 декември кога е Светскиот ден на човековите права. Само да напоменеме дека секој 25-ти во месецот Организацијата на Обединетите Нации го прогласи за портокалов ден.
Во 1999 година Генералното собрание на ООН го назначи 25 ноември како Меѓународен ден за елиминација на насилството врз жените во чест на сестрите Мирабал кои биле политички активисти и брутално убиени во 1960 година од страна на Доминиканскиот владетел Рафаел Трухило.