7 комбинации од Елена Лука со сламени шешири идеални за сончеви денови

27 мај 2021

Секоја сезона пролет-лето шеширите се препорачуваат како задолжителен моден додаток, кој не само што ќе ја разубави вашата комбинација, туку и ќе ве заштити од сончевите зраци.

Но, оваа година навистина се ултра популарни.

Тие се моден додаток во кој кога еднаш ќе инвестирате, ќе посакате да купите уште неколку, бидејќи се совршени за пролетно-летни комбинации.

Придонесуваат за дамски изглед, истовремено можат да бидат и елегантни и лежерни и така да се вклопат во сечија модна естетика.

Модната куќа Елена Лука има неколку модели, во нежни нијанси кои ни го привлекоа вниманието.

Украсени со нежна префинета тантела, дизајнирана од самата модна куќа, претставуваат впечатлив и романтичен моден додаток.

Не сте сигурни како да го комбинирате?

Ние имаме неколку идеи во продолжение:

 

Комплет со шорц од лен + шешир + дискретни обетки

Ленот е секогаш добра идеја за топли денови, а овој комплет е навистина совршен. Не само што ќе се чувствувате удобно, туку ќе изгледате навистина впечатливо. Тантелата со која завршуваат ногавиците на шорцевите е со ист квалитет како онаа на шеширот во две нијанси. Дискретните обетки се супер избор, за да изгледате подеднакво добро и кога ќе го симнете шеширот.

комплет: 7.500 денари;  шешир: 1.400 денари;  обетки: 540 денари

 

Бел макси фустан + шешир + чанта во пастелна нијанса

Макси фустан е парче кое секогаш треба да го има секоја жена во својот гардеробер. Белата е посебно привлечна за пролетните и летните денови, изгледа префинето, нежно и свежо. Шешир во бела нијанса со бела нежна тантела,  ќе биде совршено дополнување на изгледот. На крај, за да внесете малку динамичност, одберете чанта со дрвени рачки, во пастелна нијанса.

фустан: 7.200 денари; чанта: 3.690 денари; шешир: 1.400 денари; 

 

Кошула фустан + шешир со златни детали + плетена чанта

Уште една верзија на популарниот кошула фустан. Тренди, со карнери кои внесуваат доза романтичност, ќе биде ваша паметна инвестиција. А ако на тоа додадете модни додатоци во природни нијанси и од природни материјали, како што се шеширот и чантата на сликата, тогаш ќе добиете еден сосема поинаков летен стајлинг на кој постојано ќе му се враќате.

 фустан: 4.900 денари;  чанта: 3.300 денари; шешир: 1.400 денари;

 

Долго здолниште + кошула + шешир

Овој пат имаме една црно-бела комбинација, лежерна и одлична за сончеви денови. Долгото здолниште на копчиња е практично парче кое можете да го комбинирате буквално со што ќе посакате. Ние се одлучивме за бела ленена кошула, која ќе му дозволи на вашето тело да дише во топлите денови, а на тоа додадовме широк шешир со црна префинета тантела, која ќе го крене изгледот на едно ново ниво.

 здолниште: 1.500 денари;  кошула: 2.600 денари; шешир: 1.400 денари;

 

Елегантен фустан со карнер + шешир

Кој вели дека сламени шешири не можат да бидат дел и од елегантни стајлинзи. Овој фустан во совршена пастелно розова нијанса со карнер е нашиот фаворит за ова лето. А за дополнителен ефект додадете сламен шешир кој има пастелно розови светкави детали, на тој начин ќе направите спој на елегантното и практичното.

 фустан: 3.800 денари;  шешир: 1.400 денари; 

 

Мини беж фустан + плетена чанта + шешир

Веќе знаеме дека плетените чанти и шеширите се супер модна комбинација која може да најде широка примена. Еден од предлозите како да ги комбинирате е и овој мини кошула фустан со карнери и широки ракави во беж нијанса. Удобно, секси, а истовремено и тренди.

фустан: 3.300 денари;  чанта: 3.300 денари;  шешир: 1.400 денари; 

 

Ленен фустан + шешир 

Последниве две комбинации се варијација на тема. Ленен фустан е паметна инвестиција, особено ако е во ваков широк крој, кој прилега на различни типови тело. Првиот има и префинети детали изработени од тимот на Елена Лука, а ленот има дискретен сјај кој совршено може да се вклопи и во летните вечери. Шеширот со златна тантела и  крупно плетен горен дел е моден додаток кој го посакуваме во нашата колекција.

Во вториот случај пак, имаме ленен фустан со принг, кој го искомбиниравме со бело шеширче, одлична комбинација за оние што преферираат лежерен пред елегантен стил.

фустан: 6.700 денари; шешир: 1.400 денари.;

 фустан: 2.800 денари; шешир: 1.400 денари;

Која комбинација е вашиот фаворит?

 

Парчињата се достапни на онлајн продавницата на Елена Лука, како и во продавниците во ГТЦ, односно населба Аеродром.

Објавено:
27 мај 2021
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.592 пати
Тагови: 
Елена Лука