88-годишната Типи Хедрен изгледа одлично и е во кампања на „Гучи“

16 мај 2018

Легендарната актерка Типи Хедрен, музата на Алфред Хичкок е новото лице на „Гучи“. Инаку, пред да се прослави во филмовите на познатиот режисер „Птици“, „Марни“, Типи во 50-тите имала одлична модна кариера, а после повеќе од половина век се присетува на старите денови.

Тимот на модната куќа „Гучи“ одлучи да ја повика да биде дел од новата кампаѓа за накит и часовници. Во видеото, кое ја следи кампањата, ја толкува улогата на гатачка која ја прорекува иднината на останатите учесници во рекламата. 

За потсетување, Типи е мајка на Мелани Грифит, односно баба на популарната актерка Дакота Џонсон, а со ова нејзино појавување само се продолжува трендот на ангажирање возрасни лица во модните кампањи. Ванеса Редгрејв (81) исто така беше дел од кампања на „Гучи“ (тогаш имаше 79 години), додека Лорен Хатон во 73. година се појави во кампања на Калвин Клајн за долна облека. 

Ова е секако за поздрав, а Типи е уште една во низата жени што покажуваат дека годините навистина не се мерило за убавина, моќ, привлечност, 

Во продолжение погледнете ја рекламата:

.

 

Објавено:
16 мај 2018
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
582 пати