Ајрис Апфел на насловна на септемвриското издание на „Харперс Базар“
•
21 септември 2021
Септемвриското издание на „Харперс Базар“ е посветено на 100 роденден на Ајрис Апфел.
Оваа уникатна дама ја краси новата насловна страна, а направени се и фотографии за едиторијал во кој носи креации на помали и помлади модни брендови.
Комплетно во нејзин стил, фотографиите и комбинациите се еклектични и зрачат со боја.
За потсетување, шведскиот бренд „H&M“ неодамна ја најави соработката со Ајрис, а додека не го видиме комплетниот резултат, погледнете како Апфел изгледа во овие креации:
фото: @konahatcher;