Александар Ванг ја смени локацијата за ревијата на модната недела во Њујорк

15 јануари 2014

Александар Ванг до сега колекциите ги претставуваше на познатата локација Manhattan’s Pier 94, но наредниот месец за претставување на есенско/ зимската колекција за 2014, тој избра сосема ново место – Brooklyn Navy Yard.

Покрај менувањето на локацијата, дизајнерот го менува и терминот на прикажување на ревијата. Благодарение на пријателството со Џозеф Алтузара, Ванг го преместува терминот од 17 часот во 20 30 часот.

Изгледа претстојната модна недела во Њујорк ќе треба да помине во најдобар ред со оглед на фактот дека неколку имиња го откажаа своето присуство поради преголемата искомерцијализираност на настанот и губење на репутацијата. За сега присуството го откажаа Дајен фон Фурстенберг, Мајкл Корс и Вера Ванг.

Објавено:
15 јануари 2014
Категорија: 
Актуел