Американците го изгубија разумот на Црниот петок

30 ноември 2013

Црниот петок, празникот за зависниците од шопинг во Америка и оваа година го следеа инциденти, двајца се ранети во Флорида, кога избила кавга и тепачка меѓу група луѓе што чекале да влезат во трговскиот центар, по што следело и пукање. Покрај оваа тепачка на Флорида, уште многу луѓе беа повредени во низа инциденти ширум Америка. Уште во четвртокот вечерта, толпи од луѓе чекаа ред пред продавниците, независно од ладното време, додека пак вработените воопшто не заминаа дома и се подготвуваа за човечкото сатампедо.

Најупорните во текот на ноќта дури поставиле шатори и кампувале се до отворањето на трговските центри. Некои од продавниците ги отворија вратите и во текот на ноќта, по што лудилото уште толку ги зголеми размерите. Секоја година Американците ова го прават традиционално, свесни за последиците, тие сепак го ставаат во ризик својот живот, се за парче гардероба, играчи и разни подароци за претстојните празници.

Пред стоковната куќа Волмарт, во градот Ковингтон во Вашингтон, двајца се повредени кога пијан возач се удрил во нив, по што веднаш бил уапсен. Пред трговскиот Сирс во Тексас, дошло до тепачка во која еден граѓанин е претепан, откако извадил пиштол, а полицијата интервенирала со што било спречено крвопролевање.

Во Северна Каролина пак, на неколку луѓе им биле ограбени предмети од автомобилите додека тие биле внатре во продавниците. Кај некои свеста до толку била исклучена што ги заборавале и децата со часови во своите автомобили, а полицијата имала доста работа како внатре така и надвор на паркинзите.

Се проценува дека оваа година во луд шопинг тргнале 147 милиони Американци, додека вкупниот профит за време на овој црн ден е околу 11 милијарди долари. Во текот на месец ноември и декември, продажбата на национално ниво треба да изнесува 586 милијарди долари, односно со економски раст од 15 проценти во споредба со минатата година. Интернет продажбата пак, треба да достигне приход од 68 милијарди долари. Секоја година на црн петок гинат многу луѓе, а психолошката свест наместо да се подобри поради тоа, енормно ја снемува.

Но, што се случува следниот ден, односно денес? Граѓаните на Америка по грозницата од црниот петок, повторно купуваат со попуст во приватните продавници, а овој ден го крстија како  „Сабота на малите бизниси“.

Купувачите исто така се стимулираат со попуст, се поради опстанок на работата и на малите бизниси. Минатата година после црниот петок, беа потрошени 5,5 милијарди долари, а сега се очекува и поголема заработувачка, поради кампањата која се води за важноста на приватниот бизнис. „Сабота на малите бизниси“ се практикува од 2010 година, а според едно истражување секој Американец просечно издвојува 34% од својата месечна заработувачка, токму на 30-ти ноември.

Денешниот ден е турболентен, но не колку вчерашниот, тука не завршува лудилото на оваа нација, во понеделник е „Сајбер понеделник“ за сите оние што не стигнале да влезат во војна на црн петок, имаат можност на попуст да ги купат омилените работи на интернет. Во продолжение погледнете видео во кое човечкиот род е зомби, подготвено на се.

 

Објавено:
30 ноември 2013
Категорија: 
Актуел