Ана Винтур е новата стилска советничка на Хилари Клинтон

30 јули 2016

Познатата уредничка на американскиот Вог, Ана Винтур се приклучува на тимот што се грижи за стилот на кандидатката за претседател на САД, Хилари Клинтон, за време на претседателската кампања, пренесува магазинот Business of fashion.

Веќе подолго време познато е дека Винтур ја поддржува Клинтон во трката за претседателската функција, но сега уредничката добива значајна и конкретна позиција во нејзиниот стилистички тим.

Винтур е задолжена за селекцијата на парчињата облека за големите и значајни настани на кои се појавува Клинтон за време на кампањата, но исто така е вклучена и во директните преговори со американските модни дизајнери кои својата облека ѝ ја продаваат на кандидатката за претседател.

Соработката на кандидатите за претседател на САД со дизајнери не е новост, па така и нејзиниот противник во оваа клучна политичка трка, Доналд Трамп носи одела исклучиво од Бриони.

 

Објавено:
30 јули 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
754 пати