Армани: Познатите дами треба да ја рециклираат својата облека

24 декември 2020

Џорџо Армани е еден од омилените дизајнери, не само поради креациите кои ги создава, туку и поради начинот врз кој го гради својот бизнис, но и оној на кој ги презентира и својата работа, но и своите ставови.

Овој пат, вниманието ни го привлече неговата изјава за односот на познатите дами кон облеката што ја носат, посебно за свечените фустани.

„Воглавно, се работи за почит: кон купувачите кои не смееме да ги залажуваме, кон планетата која не треба да ја уништуваме и кон мојот сопствен труд, каде не смее да се работи брзо, затоа што на тој начин на производот му одземаме вредност, а на сметка на масовно производство. Затоа сметам дека дамите на црвениот килим би требале да ги повторуваат своите комбинации. Нема смисла да ги носат само еднаш. Огромното производство на облека е лошо за животната природа, модата ја уништува природата на тој начин', посочи дизајнерот.

Тој додава дека во неговото работење првиот закон е квалитетот, но дека заедно со него се и одржливите системи, кои придонесуваат за уште подобар квалитет на облеката.

А кога сме кај познатите дами, Кејт Бланшет, која инаку е една од ѕвездите-пријатели на модната куќа „Армани“, ги преточи зборовите на дизајнерот во искуство, па на последното издание на филмскиот фестивал во Венеција. Таа се појави во веќе видени парчиња, кои со нови модни додатоци, добија и нов моден контекст.

 

 

 

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by 55cosasbonitas (@55cosasbonitas)

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by 55cosasbonitas (@55cosasbonitas)

 

Објавено:
24 декември 2020
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
278 пати
Тагови: 
Армани