БАФЕ конкурсот за млади дизајнери е во тек

2 септември 2016

Модната организација БАФЕ, распиша регионален конкурс за млади модни дизајнери, кој ќе биде отворен до 15-ти септември.

Наменет е за креативци од 18 до 35 години од Босна и Херцеговина, Црна Гора, Хрватска, Македонија, Словенија и Србија.

нашата Евгенија Зафировска на минатогодишното издание

Тие што ќе бидат одбрани ќе имаат можност својата работа да ја презентираат на манифестацијата „Balkan Art Fashion Event“, која по деветти пат ќе се реализира во ноември годинава.

Целта на настанот е широката јавност да се запознае со младите автори и креативци, како и да им даде поддршка за понатамошните ангажмани.

Заинтересираните треба да испратат СV, скици од модната колекција со која би се претставиле, како и фотографија од еден од реализираните парчиња во JPG или PDF формат.

Апликациите треба да се со назнака „За конкурс 2016“, а мејлот на кој можат да се пратат е: office@bafe.rs.

Повеќе инфо на линкот тука.

Објавено:
2 септември 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
223 пати