„Биди дама, велат“ доби и машка верзија и бурни реакции!

2 март 2020

Видеото, со порака „Биди дама, велат“, чиј наратор е актерката Синтија Никсон, а која изговара реченици кои на девојчињата им се всадуваат во главата уште од најмала возраст и кои го прикажуваат притисокот со кој жените секојдневно се соочуваат, наиде на одобрување од публиката ширум светот.

Речиси и да нема жена која не се пронајде во споменатиот текст. 

Но, очигледно, ова видео не предизвика реакции само кај жените. Србинот Петар Васиќ направи машка верзија на истото и го сподели на својот Инстаграм профил, барајќи искрено мислење.

Сакајќи веројатно да прикаже дека приказната има две страни, Васиќ навлече лутина и осуда од жените, но и не само од нив.

Според него, првичното видео не ги обединува мажите и жените како што многумина сметаат. 

„Често се манипулира со женските емоции и дека мажите се виновни за тоа. Да, има мажи што не се нормални, но не се сите такви. Жените многу трпат, да, ама многу повеќе поради други жени. На мажите им е важно каква е жената како личнност, а не совршениот изглед“, вели Петар во објавата.

Многумина го најдоа ова видео за навредливо и воопшто непотребно.

Твитер заедницата не го штедеше Васиќ, па коментарите дека тој е од онаа група мажи што ги погодиле пораките за жените доминираа.

„Поентата на првото видео за жените, не е да се нападнат мажите, туку да се смени матрицата со која се соочуваат од мали“, „Срам ми е поради твоето видео“, „Be a lady thay said  е критика за општеството не за мажите, а твоето е директна критика врз жените“, „Не ми се верува дека постои и вакво видео, катастрофа“, се само дел од негативните коментари.

Но, под објавата на Петар на Истаграм има многу коментари за поддршка, како и оние што во ова гледаат одлична тема за дискусија.

„Браво“, „Убаво им објасни“, „Сосема се согласувам дека е добро да има вакво видео и за мажите“, „Сите сами сè си правиме“, „Петар, ти си цар“...

А еве дел и од текстот:

„Велат, биди маж. Биди силен. Биди нежен. Биди храбар. Брани го семејството. Не зборувај многу. Заработувај. Не зборувај за работа. Ти само одиш на работа. Никогаш не си дома. Никогаш не знаеш што сакаш. Го правиме она само ти што сакаш. Никогаш не знаеш јас што сакам. Секогаш се правиш многу паметен. Избричи ја брадата. Пушти ја брадата. Биди висок. Биди низок. Биди јак“.

Целото видео следи во продолжение:

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Petar Vasić (@petarvasic) onFeb 25, 2020 at 9:06am PST

 

Објавено:
2 март 2020
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
4.080 пати