Блејк Лајвли лансира бебешка линија

2 јануари 2015

Безбројните епитети добиени од светските медиуми за една од најстилски трудници, беа доволна стимулација за американската актерка Блејк Лајвли да основа нов бизнис. Новата 2015-година таа ја стартува со соопштението дека наскоро планира да лансира бебешка линија која покрај облека ќе вклучува и козметика. Етикетата која наскоро треба да се појави ќе го носи името „Preserve Baby“.

Според неофицијални информации, ОК магазинот пишува дека Блејк наводно ќе формира А-листа на клиенти на кои исклучиво ќе им ги продава своите производи. Изминатата година од неа  погледнавме навистина перфектни изгледи како од црвениот килим така и од улична мода, a надоврзано на тоа претпоставуваме дека интересот за нејзината прва колекција нема да биде за мала целна група.

Објавено:
2 јануари 2015
Категорија: 
Актуел