Божиќ во куќата од „Сам дома“? Airbnb вели може!

2 декември 2021

Eдна од асоцијациите на новогодишниот период е и филмот „Сам дома“. Возбудливите авантури на Кевин Мекалистер се секогаш добра идеја кога сакаме да се насмееме и опуштиме.

Сте посакале ли некогаш да сте таму и Божиќот да можете да го дочекате во куќата од филмот?

Платформата „Airbnb“ вели може!

Куќата се наоѓа во Чикаго, таму се одвива главното дејство додека остатокот од семејството е во Париз.

Оние што ќе ја имаат среќата да бидат гости во оваа куќа, ќе имаат можност да се запознаат со братот на Кевин, Баз, а на гостите ќе им биде понудена и најдобрата пица која може да се пронајде во Чикаго, како и фамозните macaroni & cheese, а ќе искусат и дел од авантурите на Кевин.

Аплицирањето ќе започне на 7 декември, ќе бидат извлечени чеворица среќни, а куќата ќе биде отворена до 12 декември.

Во продолжение погледнете како е декорирана, специјално за овој период и за посетителите:

 

фото: airbnb.com;

Објавено:
2 декември 2021
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
735 пати