Станува збор за реномирани професионалци од областа на модата а предавањата се дел од едукативната и бизнис програма на есенското издание на Моден викенд Скопје. Роберт Кавел – Кларк кој е одговорен за односи со дизајнери и скаутирање во „Not Just a Label“, ќе предава за профилот на компанијата, нивните искуства со интернационални дизајнери, современи начини на продажба и финансирање на нивниот бизнис. Роберт Кавел-Кларк ни гостува со поддршка на Министерството за култура на Р.Македонија.
Како програмски менаџер во Британски совет Лондон, Кендал Робинс пред македонската публика ќе говори за работата на Британскиот совет, нивната меѓународна соработка и искуствата со дизајнери од Велика Британија. Робинс води и курира културни настани и изложби низ Блискиот Исток, Северна Африка и Јужна Азија, како и во Обединетото Кралство, а исто така е и советник за меѓународната работа. Кај нас ја носиме во соработка со Британски совет во Македонија.
Британски совет во Македонија ни ја носи и Ребека Рој која е една од врвните лондонски модни стилисти и креативни консултанти, моден директор на списанието „Disorder“ и моден уредник за Обединетото Кралство на списанието „The Untitled Magazine“. Таа од 23 до 27 октомври во Скопје ќе одржи работилница наречена „Модно блогирање“ наменета за модни блогери и фотографи но ќе зборува и за начините на кои дигиталните технологии и друштвените мрежи може да го помогнат развојот и промоцијата на модниот бизнис.
Во продолжение погледнете го распоредот и локациите каде ќе се одржи десеттото издание на FWSK.