Британскиот престолонаследник ќе расте низ креативните идеи на светските дизајнери

24 јули 2013

И откога целиот свет дозна за новороденото дете на принцот Вилијам и војвотката од Кембриџ, вестите за кралското семејство и идниот британски престолонаследник не стивнуваат. Сега на ред се уште бројни информации за кои медиумите на големо пишуваат. Доколку се направи преглед на тоа како изгледаа ново печените родители  на вчерашното појавување пред болницата „Сент Мери“ , може да се заклучи дека и принцот и војвотката  и овој пат не тргнаа без план, а особено за облеката што ја имаа на себе.

 

На првото јавно претставување на идниот крал на Англија, Кејт носеше труднички фустан со бели точки дизајниран од познатата модна креаторка Џени Пекам, додека принцот Вилијам на себе има  сина кошула со подвиткани ракави, кафен ремен и тегет пантолони кои соодветствуваа со изгледот на неговата сопруга. Според пишувањата на медиумите, аутфитот со кој се појавија Кејт и Вилијам е претходно добро испланиран и го симболизира нивниот нов животен пат кон родителството.Она што е интересно е дека во 1982  принцезата од Велс, Дајана се породила во истото крило во истата болница пред 31 година. Освен локацијата, сличен е и изгледот на Кејт со оној на Дајана кога се појавува пред болницата со Вилијам во рацете. И таа тогаш носи сличен фустан со различна нијанса во боите и идентични точки како оние на Кејт.

Во меѓувреме кралското семејство веќе ги ангажираше најголемите креативни умови од светот на модата, како модната куќа Диор, Карл Кагерфелд, Александар Меквин да изнајдат решенија како за облеката така и за сите потребни реквизити што треба да ги има и носи новиот принц на Англија. Инаку, Вилијам и Кејт тивко подготвиле револуција за чувањето на бебето во современи услови и принципи.Грижата за престолонаследникот нема да биде на дадилките, како што било со векови на назад во британското кралско семејство, бидејќи Вилијам и Кејт рекоа дека ќе одвојат доволно време за вистинска родителска грижа, а пред се ќе добиваат помош од своите родители. Тие  ангажираа главна домаќинка место класична дадилка, што наиде на голема јавна поддршка од Британците.

Новородениот принц од Кембриџ ќе биде трет во редот за тронот по неговиот татко, принцот Вилијам, и неговиот дедо, принцот Чарлс, во согласност со промените на законот за наследство пред неговото раѓање.

Објавено:
24 јули 2013
Категорија: 
Актуел