Бројни акции во реновираниот маркет Тинекс - Шипад

24 август 2016

Тинекс го отвори реновираниот маркет во центарот на Скопје, на старата позната локација ул. „Кочо Рацин“ бр. 14 веднаш до Работнички дом.

Со цел осовременување на условите за пазарување и задоволување на потребите на потрошувачите, во маркетот е направена модернизација на ентериерот со модерна и современа опрема и редовниот асортиман е збогатен со нови категории на производи.

За прв пат во Тинекс и во Македонија, во новиот маркет се поставени еко фрижидери кои се карактеризираат со намалена потрошувачка на електрична енергија и редуцирана продукција на CO2, сѐ со цел да се намали загадувањето на околината и да се врши заштеда на ограничените ресурси на природата.

Покрај редовните оддели, во рамките на објектот отворени се месарница со свежо, вкусно и сочно месо во секое време, како и домашна кујна со над 40 видови готвени специјалитети. Исто така, модернизиран е и одделот на пекарата и дополнително е зголемен асортиманот за органска храна. Вкупниот асортиман во маркетот го сочинуваат над 8.000 производи.

На површина од околу 400 квадратни метри, потрошувачите ќе бидат услужени на четири наплатни каси, од кои 2 брзи, а за услугата ќе се грижат 18 вработени.

По повод отворањето, во текот на оваа недела во маркетот ќе има голем број на атрактивни промотивни акции за сите заинтересирани потрошувачи.

Тинекс и понатаму останува посветен на одржувањето на стекнатата доверба од купувачите со постојана грижа за квалитетот, услугата и разбирањето на потребите на потрошувачите.

Спонзорирана објава

Објавено:
24 август 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.383 пати