Драги наши вљубеници во социјалните мрежи, подгответе се! Светски познатиот дизајнер Марк Џејкобс ја започна кастинг кампањата за сезоната пролет/лето 2015 и истата нема да ја води преку модните агенции, туку преку социјалните медиуми!
Со едноставниот хаштаг #castmemark, сега и вие имате шанса да бидете дел од светот на Марк Џејкобс со постирање на ваши фотографии сѐ до завршувањето на кампањата до 26 – ти Септември.
Сите оние кои ќе бидат избрани да бидат дел од кампањата, ќе бидат фотографирани од реномираниот Дејвид Симс во парчиња од колекцијата на креативните Луела Бартли и Кејти Хилиер.
Со оглед на тоа што за првата ваква кампања што ја организираше брендот, имаше повеќе од 70.000 пријавени момци и девојки, вторава по ред се очекува да биде подеднакво успешна.
А ние веруваме дека ќе биде така, бидејќи објавата беше лансирана вчеравечер, а досега има огромен број фотографии.
Во исчекување на вашите, во продолжение неколку од досега објавените...