Дали би сакале да поседувате парче со потпис од Бијонсе?

13 октомври 2014

Компанијата Spring лансираше мобилна апликација со која корисниците ќе можат во секој момент и од било кое место во светот да ги купат омилените парчиња од овој онлајн шоп. До сега корисниците можеа да купуваат парчиња од Прабал Гурунг и Band of Outsiders, а од оваа есен понудата е збогатена за уште едно име, односно Бијонси Ноулс.
Славната пејачка во својата понуда вметна парчиња кои и самата ги носи. Па така, нејзините фанови може да бираат меѓу блузоните со интересни натписи како што се „Cake by the Pound“ и „Flawless“, спортска маица со нејзиниот лик или пак капи со лого. Цените на парчињата се движат од 25 до 65 американски долари.

Објавено:
13 октомври 2014
Категорија: 
Актуел