Данците изненадија на модната недела во Копенхаген

14 август 2013

keep-calm-and-sleep-all-day-65

Иако Скандинавците не се многу познати по модата, сепак се чини дека кај нив ситуацијата се менува. На модната недела што неодамна се одржа во Копенхаген, Данците изненадија.

Она што беше потенцирано е практичноста. За разлика од остантите европски модни недели, се што можеше да се види на оваа е достапно. Целта и на организаторите, а и на дизајнерите учесници била таа сите модели да бидат достапни за „обичната“ жена, која притоа не мора да биде со слаба, манекенска градба за да и стои моделот.

Во продолжение подгледнете дел од моделите претставени на ова модно случување.

Објавено:
14 август 2013
Категорија: 
Актуел