Денеска почнува Модната недела во Лондон

13 септември 2013

Разгорениот факел од модните писти, многу настани и забави кои ќе се одржат во Лондон од 13 до 17 септември ќе бидат во фокусот на вниманието на целата светска јавност. После Њујорк ред е сега британскиот главен град да се покаже како одличен домаќин. Колекциите кои ќе се прикажат ќе се однесуваат на сезоната пролет-лето 2014, а главните протагонисти ќе бидат британските талентирани дизајнери. Но не само тоа, во рамките на ова модно лудило ќе настапат Пол Смит, Том Форд и Бурбери, чии модни ревии ќе бидат емитувани во живо. Сите со нетрпение ги очекуваат модните остварувања на Питер Пилото и Кристофер Кејн и секогаш интересниот и невообичаен моден склоп на Џеј Ву Андерсон, за кој е јавна тајна дека е новиот миленик на Версаче и за кој се шпекулира дека во наредните неколку дена ќе го преземе и брендот LVMH под свое водство.

 

Џеј Ву Андерсон откри дел од својата најнова колекција за пролет-лето 2014

 

Настанот кој никако не смее да се пропушти е ревијата на Мулбери, кој за да ја прослави последната колекција дизајнирана од Ема Хил, како официјални покани за ревијата дизајнираше порцелански шолји за чај кои на себе го имаат логото на модната куќа.

Богато, спектакуларно, единствено и што е најважно во знакот на модата, стилот, трендовите и убавината.

 

Поканата на Мулбери за ревијата во Лондон

Објавено:
13 септември 2013
Категорија: 
Актуел