Денови на македонска фотографија од 35-то издание на Скопско лето

5 јули 2014

Вечерва 5-ти јули, во рамките на богатата културно уметничка манифестација „Скопско лето“ која годинава слави 35 години од постоењето, ќе се одржи изложба на тема- македонска фотографија, од која воедно се празнуваат и 52-те денови на македонската фотографија.  Локацијата каде ќе бидат изложени 118 фотографии е Националната Галерија „Мала станица“, а стартот е означен за 20 часот. Големата изложба е во организација на Фото сојуз на Македонија, а учество во истата ќе земe 61 автор.  На годинешниот конкурс на ФСМ свои апликации доставија 93 автори, aа вкупно се пристигнати 342 фотографии.

 

Освен изложбата ќе бидат доделени и награди, па така од категоријата колекција фотографии,  наградата ќе ја понесе прилепчанецот Божидар Барлакоски, додека второто место ќе му припадне на Владимир Арсовски. Еџе Али е добитникот на третата награда, а Филип Филиповиќ од категоријата поединечна фотографија ја добива втората награда. Гранпри наградата „Благој Дрнков“ и припадна на фотографката Татјана Ранташа.

Објавено:
5 јули 2014
Категорија: 
Актуел