Марк Ворт, основачот на Стилус Медиа Груп (Stylus Media Group), кој воедно е и основач на компанијата за предвидување на трендови WGSN, лансираше нова консултантска модна компанија која се смета дека ќе биде многу поексклузивна од кој било друг произвот моментално на пазарот.
Членството е ограничено на 100 дизајнери, продавачи и брендови, а ќе се одвива исклучиво преку покана. Оние што ќе го користат она што го нуди компанијата, ќе бидат во можност да најдат оригинални идеи и можности, кои тие и само тие ќе можат да ги внесат во пазарот побрзо отколку конкуренцијата.
„Идејата зад оваа платформа е членовите да одржуваат конкурентска предност. Кога сите би имале пристап до таканаречените ексклузивни модни деловни идеи, тогаш не би биле така ексклузивни нели? Денес, модата и продажните брендови имаат потреба од платформа каде ќе можат да ги насочат и преработат нивните иди и да ги пласираат на пазарот уште поефикасно и поефективно“, вели Ворт.
Според неговите зборови, компанијата ќе почне со работа во спетември. Откако ја продадае WGSN во 2009-та година, Ворт ја разработе идејата и Стилус и ја основаше компанијата, која ги следи и анализира трендовите во повеќе од 20 индустрии, вклучувајќи ја и индустријата за мода и убавина. Во ноември пак, минатата година, Ворт објави дека WGSN и уште една компанија за истражување трендови Stylesight ќе се спојат.
Кој се' ќе биде дел од новата компанија и ќе го добие правото на ексклузивитет, а со тоа ќе влезе во трка со останатите колеги, ќе видиме наскоро.