Дизајнерите здружени за подигање на свеста за потребите на луѓето со попречености

10 јули 2015

Новото осмо издание на Меѓународниот студентски конкурс за плакат „Скопје постер“ е објавено. Темата на која младите талентирани дизајнери ќе имаат можност да работат на плакати е „Сите за луѓето со хендикеп“.

„Главната цел на овој конкурс е креирање и промовирање подобри можности и еднакви права за луѓето со посебни потреби“, велат од „Плакарт“.

Мотото „Сите за луѓето со хендикеп“ мора да го отсликува ова прашање и да промовира еднакви можности и права за луѓето со посебни потреби. Дизајнерите ќе имаат задача да се борат против дискриминацијата и нееднаквоста како и на свој начин да се причинат луѓето со хендикеп да бидат третирани како еднакви членови на заедницата. Еден од главните приоритети е и промовирањето на позитивни пораки за сите аспекти на инвалидноста – долгорочни боледувања, проблемите со мобилноста, проблеми со запознавање и изучување, нарушена перцепција...

Да се подобрат условите за живеење на луѓето со посебни потреби, да се идентификуваат и да се понудат алтернативи за надминување на бариерите и табуата и да се причиниме за создавање поотворено општество е крајната цел на  овој осми Меѓународен студентски конкурс за плакат.

Крајниот рок за поднесување на постери е 20-ти ноември 2015 година. Меѓународното жири составено од еминентни дизајнери ќе биде објавено наскоро, а наградите се како и секоја година примамливи - двајца победници ќе бидат подеднакво наградени со учество во жири селекцијата на 9. Скопје постер фестивал(со покриени трошоци), организација на изложба на негови плакати во 2016 година и доделен ќе им биде ICOGRADA Сертификат.

Овогодинешниот конкурсен промотивен дизајн е дело на дизајнерот Борут Вилд.

За повеќе информации за конкурсот погледнете на линкот овде.

Објавено:
10 јули 2015
Категорија: 
Актуел