Дизајнерката Митковска ве кани на „Премиера“ во ателјето VIBRAZIONI

16 декември 2013

Оваа среда, модната дизајнерка Александра Митковска ги кани сите љубители на модата во нејзиниот салон, да го погледнат остатокот од есен-зима колекцијата,  насловена „Премиера“, која на последното издание на „Моден викенд Скопје“ беше претставена во мал дел, како прва од сериско производство.

Во изложбениот простор ќе бидат поставени капути, палта, здолништа, панталони, фустани и други зимски парчиња во препознатливиот екстравагантен стил на Александра Митковска.

Во реклаксирана атмосфера, посетителите ќе можат веднаш да си купат од презентираните модели.


Комерцијалниот дел од колекцијата е направен во вкупно 3000 парчиња, за домашниот и странските пазари.
Шоурумот и бутикот на „VIBRAZIONI by Aleksandra Mitkovska“ се наоѓа на ул: „11 Октомври“ бр. 86 ( спроти Државниот пазарен инспекторат) во Скопје.

Објавено:
16 декември 2013
Категорија: 
Актуел