„Долче и Габана“ против „Долче и Габана“

16 јуни 2017

Не, не се работи за случај каков што беше „Крамер против Крамер“, но е доволно интересен за светските медиуми, бидејќи сите ја споделија веста.

Откако Доналд Трамп е избран за претседател на САД, бојкотот против него и неговата сопруга не престанува.

Неодамна таа беше на удар на медиумите и сите оние што се контра политиката на Трамп поради нејзините скапи модни комбинации, се сеќавате на капутот вреден 51.500 долари, што е неколку илјади долари повеќе од просечната плата на просечен Американец, а креација на „Долче и Габана“?

И тоа не е првпат Меланија да носи нивни креации, поради што и модното дуо се најде на удар, што од модната фела, што на социјалните мрежи.

Имајќи го предвид темпераментот на Стефано Габана, тој не го сокри задоволството од тоа што соработува со Првата дама, нарекувајќи ја „Долче и Габана дама“, а одговори и на критиките и тоа на креативен начин, иако може да се рече и веќе виден.

После настапот на „Супер Боул“ во 2016 година, Бијонсе се соочи со бојкот на нејзините концерти во рамки на турнејата „Formation“. Тоа не ја погоди премногу, бидејќи веднаш потоа направи маици и маски за мобилни телефони со натписот „Boycott Beyonce“, кои во текот на турнејата чинеа 45 долари.

За истата тактика се одлучи и дизајнерското дуо, па на обични бели маици, во женска и машка варијанта, ставија натпис #Boycott Dolce &Gabbana (Бојкотирајте ги Долче и Габана), со што повторно медиумското внимание и тоа негативно, успеаја да го свртат во своја корист.

Фото извор: Dolce&Gabbana

Фото извор: Dolce&Gabbana

Стефано Габана на социјалните мрежи објави и видео од „протестите“, со цел да ги исмее „критичарите“. И овој пат беа побрзи, што веројатно е и клучниот момент во вакви ситуации, без разлика што се работи за веќе виден концеот и им одговорија на сите што не го делат нивното мислење.

Инаку, маиците се со цена од 175 евра, а имајќи предвид колку следбеници имаат и дизајнерите и нивната модна куќа, несомнено дека од оваа „ситуација“ ќе профитираат одлично.

Фото извор: Dolce&Gabbana

Фото извор: Dolce&Gabbana

Фото извор: Dolce&Gabbana

Фото извор: Dolce&Gabbana

Објавено:
16 јуни 2017
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
618 пати
Извор: 
Harper's Bazaar