Достојно средена публика на премиерата на “Хамлет во пикантен сос”

26 септември 2013

Вчера во  Драмски театар се одржа скопската премиера на претставата “Хамлет во пикантен сос” од Алдо Николај во режија на Александра Кардалевска на Театар „Комедија“, која својата премиера ја имаше на годинешното „Охридско лето“.

Пред почетокот на претставата објективот на fashionel се фокусираше на изгледите на публиката, која достојно го испочитува настанот со соодветен аутфит. Во основа, со оглед на различните генерации присутни на премиерата, изгледите може да ги поделиме на младешки, шик и тренди од една страна и софистицирани, елегантни од друга страна.


Во претставата играат актерите: Крсте Јовановски, Зорица Стојановска, Кристина Ласовска, Жарко Димоски, Ердоан Максут, Атанас Атанасовски, Валентин Костадиновски-Тино, Роберт Ристов, Јелена Жугиќ, Илија Илиоски и Тања Мицков, сценограф е Стефан Спировски, а костимографка Маја Димовска. Автор на музиката е композитор Оливер Јосифовски.

 

Објавено:
26 септември 2013
Категорија: 
Актуел