Џамбатиста Вали обвинет за копија од црвениот килим на Еми наградите

30 август 2014

Појавувањето на Лена Дунхам на доделувањето на Еми наградите беше доволно  во модните кулоари да се покренат гласини дека креацијата што таа ја носеше е копија. Креацијата што Лена ја носеше од Џамбатиста Вали предизвика лавина негативни коментари дека актерката  не ја износи во најдобро сметло, за потоа да излезе дека е копија од креација на младиот американски дизајнер Кристјан Сириано.

Победникот од четвртата сезона на модното шоу „Проект писта“ се огласи на својот профил од социјалната мрежа Инстаграм со фотографија за потсетување дека во есента 2009 година тој на писта презентираше многу слична креација.

 

Инаку, креацијата на Вали е од неговата последна колекција од висока мода.

 

Засега по објавата на Сириано нема реакција од Џамбатиста Вали, а дали случајот ќе има свој епилог останува да видиме.

Објавено:
30 август 2014
Категорија: 
Актуел