Џенифер Гарнер го има најпопуларниот фустан во 2016

16 декември 2016

Ретроспективата на 2016 година сè уште трае, а во тоа многу помогна и истражувањето на „Гугл“. Досега ви презентиравме кои се најпребаруваните поими, актери, музичари, а овој пат се задржуваме на модата.

Кога се дизајнерите во прашање, најпребаруван дизајнер за 2016 е Рејчел Зои. Но, не толку по дизајните, колку по аферата дека таа е жената со која Џеј Зи наводно ја изневерувал Бијонсе.

Рејчел Рој

Таа приказна беше преточена и во песната „Sorry“ од албумот „Lemonade“ на Бијонсе. Вистина или не, ова ја издигна Рејчел Зои меѓу најпопуларните дизајнери за 2016 година, што веројатно се одразило позитивно и на нејзината работа.

Веднаш зад неа се сестрите Олсен, а на третото место е Анџела Симонс. Остатокот од листата изгледа вака:

4. Зендаја

5. Кендал и Кајли Џенер

6. Бијонсе

7. Соња Рикел

8. Аниле Донгре

9. Иванка Трамп

10. Канје Вест

Кога е убавината во прашање, луѓето ширум светот во 2016 година најмногу ги интересирало како да ја сплетат т.н. „рибја кост“ плетенка.

Исто така, во топ три прашања се и „Како косата да расте побрзо?“ и „Како да ги обликувам веѓите?“. Еве ги и останатите: „Како да ја навиткам косата?“, „Како да го отстранам гелот од ноктите?“, „Како да ги исчистам четките за шминкање?“, „Како да се ослободам од подочниците?“...

Во пресрет на новото издание на „Оскар“, закажано за 26-ти февруари, „Гугл“ ни ја откри и листата на најпопуларните односно најпребаруваните фустани од годинашното издание.

Изненадување или не, на првото место е црниот фустан на куќата „Версаче“, што го носеше Џенифер Гарнер. Актерката во емисијата на Џими Фелон откри дека воопшто не било едноставно да ја носи креацијата, бидејќи во горниот дел има метален корсет. Инаку, ова појавување беше нејзино прво по разделбата со Бен Афлек, така што сето ова придонесе таа да се најде во центарот на вниманието кај публиката.

На второ место е фустанот што го носеше Џенифер Лоренс од модната куќа „Диор“. Освен со винтиџ креацијата, оскаровката го привлече вниманието и со тоа што на црвениот килим се појави меѓу последните, само неколку минути пред официјалниот почеток на церемонијата.

Погледнете го и остатокот од листата:

Шарлиз Терон во „Диор“

 

Рејчел МекАдамс во „August Getty“

 

Бри Ларсон во „Гучи“

 

Алисија Викандер во „Луј Витон“

 

Пријанка Чопра во „Зухаир Мурад“

 

Кејт Бланшет во „Armani Privè“

 

Кејт Винслет во „Ралф Лорен“

 

Оливија Вајлд во „Валентино“

Објавено:
16 декември 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.276 пати