Џенифер Лопез е новата пин-ап Guess девојка

29 ноември 2017

Мега популарната, 48-годишна ѕвезда Џенифер Лопез е новото лице на Guess jeans.

Вчера брендот ја соопшти информацијата за оваа нова соработка, кога и ја промовираше новата кампања за пролет 2018, каде Џеј Ло ја има водечката улога, тематски стилизирана како пин-ап девојка.

Фото: Harper's Bazaar - Tatiana Gerusova

„Кога добив повик за понуда за оваа соработка, бев воодушевена и возбудена бидејќи се работи за бренд што го сакам уште од времето кога бев тинејџерка", вели Лопез по повод овој проект.

Ова е уште еден показател што поентира дека популарните Guess девојки не се само оние во своите 20-ти години, туку дека ова е бренд подеднакво атрактивен и за жените во средната доба од животот.

Инаку, во актуелниот видео спот за популарниот хит „Amor,amor, amor“, Џенифер се појавува во впечатлив стајлинг со маичка со натписот Guess, што веројатно беше и најава за нивната соработка.

Фото: Vogue

Објавено:
29 ноември 2017
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.106 пати