Џенифер Лопез го носи најубавиот фустан за оваа сезона!

16 мај 2017

Прекрасната 47 годишна актерка и музичка дива Џенифер Лопез, вчеравечер го разубави свечениот настан на телевизиската мрежа NBC каде се појави во најубавиот фустан за оваа сезона.

Ѕвездата на серијата „Shades Of Blue“ која премиерно се емитува на NBC, на церемонијата се појави во фустан во „пудра“ боја од пролетната колекција на единствениот Ели Саб.

Фустанот што таа го одбра дефинитивно ги содржи сите трендови за сезонава, почнувајќи од бојата, потоа откриените рамена како еден од најпосакуваните детали, длабокиот отвор и везените апликации во делот кај грбот.

Шармантната пејачка фустанот го комбинираше со високи Кристијан Лубутан потпетици, розова чантичка и фантастични очила за сонце кои ги носеше кога пристигна на настанот.

Само ден претходно, за вечера со нејзиното момче Алекс Родригез, таа се одлучи за гламурозен долг цветен фустан исто така на Ели Сааб, кој го комбинираше со долго палто за шик изглед.

Она што прво можеше да се забележи кај овој фустан е фантастично изработениот горен дел кој му даваше доза сексапил на фустанот благодарение на виолетовите кадифени ленти.

Беспрекорната фигура на пејачката е она што дефинитивно беше во центарот на вниманието и што придонесе за уште подобар изглед на одбраните парчиња.

Објавено:
16 мај 2017
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
6.942 пати