Минатиот месец Анџелина Џоли најави дека започнува со сопствен моден бренд Atelier Jolie, а сега излезе со уште едно соопштение дека ќе соработува со француската модна куќа Клое.
Џоли ја одбра токму Клое поради нејзиниот B Corp статус, којшто се доделува на компании и брендови кои се социјално, еколошки и економски одговорни, односно работат за доброто на заедницата и околината.
Луксузниот бренд, којшто ја доби оваа ознака во октомври 2021-ва, е еден од ретките што го заслужиле овој статус.
Иако Габриела Херст, најави дека си заминува по тригодишната позиција како креативен директор на модната куќа, таа сепак ќе соработува со актерката во создавање на женската капсулна колекција.
Двете дами со нетрпение го чекаат резултатот на соработката, додека парите од колекцијата ќе бидат реинвестирани во луѓето кои работат и оние што допрва ќе се приклучат на Atelier Jolie.
Иако сè уште нема доволно информации за колекцијата, според најавата, истата ќе вклучува вечерни тоалети и парчиња со безвременска естетика инспирирани омилената облека на Џоли.
Фото:Instagram