Моделот Џордан Дан лансира нејзина линија на облека за деца и млади. Во намерата ќе ѝ помогнат и Fluid World, со кои, како вели за странските медиуми ќе направи најмалку две колекции:
-Ја сакам детската облека и се опседнав со неа уште од раѓањето на син ми. Во текот на мојата модна кариера научив да го сакам и почитувам одличниот дизајн, а како мајка очекувам квалитет и вредност за парите со кои ги купувам парчињата. Тоа се однесува и за најкул облеката за мојот син. Воодушевена сум што ќе работам со Fluid World и се радувам што ќе развијам моја колекција, претворајќи ги идеите во реалност – изјави Дан за Вог.
Колекцијата ќе вклучува фармерки, јакни, маици, хеланки, џемпери и модни додатоци. Инаку, Fluid Wrold е компанијата за дистрибуција што ја донесе Hello Kitty во Британија и што сè уште бара партнер за продажба.
-Џордан Дан е модна икона која ги поставува трендовите и влијае врз стилот. Особено ми е драго што ќе работиме со неа на овој проект и ќе го пренесеме нејзиниот кул урбан стил на пошироката публика – вели извршниот директор на компанијата Ендрју Лејн.
Останува наскоро да го видиме резултатот од соработката на која и двете страни се радуваат.