И повеќе од јасно е дека влијанието на 70-тите години од минатиот век ќе остане интензивно присутно и претстојната сезона. По лукбукот на Манго за линијата „Премиум" инспирирана од оваа декада, денеска беше објавена и новата кампања на британскиот бренд Малбери повторно во духот на 70-тите.

Главната ѕвезда во кампањата е ќерката на легендарниот рокер Мик Џегер, убавата Џорџија Меј Џегер која евоцира спомени од улиците на Челзи во една од најреволуционерните декади.

Британската муза совршено ја одигра улогата на ретро девојка која на себе носи палта и туники во загасити бои, сива ролка во комплет со плисирано здолниште, комбинезон со цветни принтови во земјени тонови и шешир како детаљ за финиш на изгледот на една класична-ретро убавица.

„Снимањето на кампањата за Малбери е прекрасно искуство. Исто и враќањето на улиците на Лондон. Челзи е иконско место, ја обожавам неговата архитектура", изјавила манекенката за време на сетот кој го фотографираше.

Објавено:
16 јули 2015
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
96 пати