Џована Батаља Енгелберт е дефинитивно една од најпознатите модни стилистки и уреднички во светот, која секогаш воодушевува со изборот на модни парчиња.

Hola USA

Деновиве, на нејзиниот Инстаграм профил таа објави дека станала мајка на девојче кое добило прекрасно име со кое таа сака да и оддаде почит на земјата каде е порасната.

Талита Италија Енгелберт е името на нејзината ќеркичка, а се чини дека овој тренд на давање географски имиња продолжува, откако голем број трендсетерки неодамна го започнаа истиот.

Џована е една од најстилските дами во светот со потекло од Италија, каде долги гoдини работеше како уредник и стилист во некои од најпознатите модни магазини.

Ниту во текот на бременоста таа не престана да не воодушевува со стилските комбинации, а ќе каже дека му благодари на oversize трендот што и помогна да биде шик и во бременоста, а сепак да се чувствува удобно.

Сосема очекувано и во текот на бременоста таа одбираше супер шик парчиња кои ги комбинираше на подеднакво добар начин како и претходно.

glow gr

Во текот на целата бременост, таа беше вистински пример за тоа дека секоја жена може да изгледа одлично и во тие месеци, ако добро ги комбинира парчињата и ако сака да експериментира.

British Vogue

Како што пишува Вог, Џована Батаља Енгелберт имаше една од најстилските бремености во историјата, а погоре во галеријата ве потсетуваме на некои од нејзините најдобри стајлинзи.

Инфо: Zena.blic.rs

Фото: Instagram

Објавено:
16 јануари 2019
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
929 пати