Ѕвездата на рускиот балет Сергеј Полунин е новото заштитно лице на Марк Џејкобс

30 август 2014

Украинецот Сергеј Полунин за многу кратко време стана еден од водечките танчари во рамките на модерната руска балетска сцена. Маркантноста во поглед на физикусот, шармантниот поглед и неверојатната харизма која ја поседува беа едноставно доволен стимул за тој да стане предмет на интересирање на голем број модни уредници и куќи. Токму грациозноста на неговиот несекојдневен изглед и флуидноста во поглед на танцувањето беше причината што Марк Џејкобс реши Полунин да биде заштитно лице во рекламната кампања за новата машка колекција за сезоната есен-зима 2014/15. Едиторијалот го изработи модниот фотограф Дејвид Симс, а Полунијн е претставен како рок ѕвезда која оди на турнеја низ светот, како самотник кој  ја крои својата судбина, а со тоа и сопственото модно секојдневие.

Балетанот Сергеј Полунин е роден во Керсон и за многу кратко време ги освои срцата на публиката, не само во неговата родна Украина, но исто така и во Англија каде стана најмладиот прв танчар на Кралскиот балет во Русија. Тој е и главната ѕвезда на Музичкиот Театар Станиславски, а неговата слава полека добива и светски карактер. Танчарот кој има 24 години во неколку наврати има остварено соработки со дел од најпознатите светски списанија и магазини како Vogue, ID, Zoo Magazine и многу други. Поради таинствениот поглед, големиот број тетоважи на телото  и лагодниот начин на живот многу пати е поврзуван во различни скандали и го добива епитетот на „лошо момче“. Сепак, тоа не му пречи на овој балетан кој продолжува да го живее животот со полни гради и да го работи она што најдобро го знае, балетот.

Во продолжение погледнете ги фотографиите од најновата рекламна кампања за мажи на единствениот Марк Џејкобс.

Објавено:
30 август 2014
Категорија: 
Актуел