Елена Лука ја стилизираше манекенката Христина Јанеска – нашата претставничка на „Мис Туризам“ во Кина

17 октомври 2019

Градот Кингдао во Кина, овој месец беше домаќин на големиот интернационален избор на убавина „Miss Tourism World" каде наша претставничка беше манекенката Христина Јанеска.

Во конкуренција од 70 кандидатки од целиот свет, Христина ја претставуваше нашата земја преку лиценцата на националниот директор за овој избор, Роберт Граматиков.

На интернационалниот настан Христина во официјалниот дел беше стилизирана во неколку ексклузивни креации на нашиот моден бренд Елена Лука. Една варијанта беше прекрасен црвен коктел фустан со волумензиран асметричен горен дел со карнери, а друга варијанта беше екстравагантен сребрен фустан навезен со украсни камења. Во еден сегмент од натпреварувачкиот дел, Христна носеше мини фустан во националните бои, во црвена-жолта комбинација.

Инаку, изборот се одржа од 24 септември до 6 октомври, а титулата за „Мис Туризам" ја понесе претставничката на Мексико.

 

Објавено:
17 октомври 2019
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.093 пати