Елена Реи во кампања на брендот Масимо Дути

5 мај 2016

Македонскиот топ модел Елена Реи неодамна престојуваше во Барселона каде сними кампања за модниот бренд Масимо Дути.

За време на нејзиниот престој во Шпанија, таа работи на уште една модна кампања која се очекува да излезе многу набрзо и да се дознаат сите детали за истата.

Во наредните месеци Елена ќе престојува почесто во Париз, каде активно ќе работи на сезоната и ревиите за висока мода во летниот период.

„Убавината и достигнувањето во моделингот е кога ќе слушнеш со колкав респект агенциите коментираат за професионалноста на моделот, во случајов за нашата Елена Реи“, вели Алек Наумовски од Моделс ИН.

Меѓу последните успеси на македонскиот топ модел се и кампањата за престижниот бренд Барбери, насловната на Foxey Magazine, фотосесијата за Elle Mariage и уште многу други ангажмани со кои таа може да се пофали.

 

Објавено:
5 мај 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.513 пати