Модната куќа „Ермес“ неодамна објави видео посветено на производството на марамите, кои се еден од заштитните знаци на брендот.
Дејството во видеото се одвива во производството на свилените модни додатоци во Лион, а главниот протагонист е топлес модел.
Ова за многумина се виде како проблематична точка, па од модната куќа мораа да ја повлечат рекламата. Сепак, после неколку дена, на „Јутјуб“ каналот на „Ермес“ може да се види нивната реклама, која патем е одлична.
За нејзиното создавање бил задолжен британскиот фотограф Грег Макдин, а сѐ со цел да се започне најавата на јубилејот – 80 години од создавањето на првата марама, кој ќе се прослави следната година. Инаку, модната куќа произведува повеќе од 600 марами годишно.
Во продолжение погледнете ја рекламата: