Есен во H&M низ 20 актуелни парчиња
•
5 октомври 2020
Оваа есен во шведската етикета H&M е лежерна и романтична.
Ваквата естетика се проткајува низ нивната актуелна понуда што ја сочинуваат парчиња кои важат за класика во есенскиот гардеробер.
Макси фустани, кожени панталони, лелеави кошули, мантили, плетени ролки, јакни со нагласен струк се меѓу базичните парчиња што ја сочинуваат есенската модна слика во овој бренд.
Издвојуваме 20 модели што меѓусебе може да се комбинираат и ја заокружуваат идејата за една ноншалантна, а романтична есен.