Актерката Ева Лонгорија го покажа малиот Сантијаго. Таа се согласи на уште една насловна страна, повторно за магазинот „Hola!USA“, каде го открива и ликот на нејзиниот син. Инаку, магазинот претходно ја имаше првата фотографија по породувањето, како и ексклузивата од свадбата на Лонгорија и Бастон.
Насловната фотографија ја сподели и на својот Инстаграм профил.
„Еве го! Сантијаго Енрике Бастон му вели здраво на целиот свет! Евај чекав да ја споделам оваа фотографија со сите вас“, напиша актерката под фотографијата и му се заблагодари на магазинот и фотографот Бернард Одорал за овековечувањето на прекрасните моменти со нејзиното новороденче.
Сè уште нема податоци за тоа што открива Ева во приказната внатре во магазинот, но без оглед на тоа, успеа да собере бројни комплименти за изгледот и нејзин и на синчето. Под фотографијата, честитки и убави желби упатија голем број познати личности, меѓу кои и Викторија Бекам.
За потсетување, на 19-ти јуни 43-годишна актерка го донесе на свет своето прво дете, кое го доби со актерот Хосе Бастон, со кого е во брак од 2016 година.