Еве како изгледа процесот на 3D принтање

17 август 2015

Замислете какво олеснување би било кога би имале една „магична машина" која секое наше омилено парче облека во неколку секунди би го „скроела" по наша мерка? Благодарение на современата технологија, таквата „магична машина" веќе постои и се вика 3D принтер што наголемо се користи и во модната индустрија.

Новинарката Даша Голд од онлајн магазинот TheTrendSpotter, имаше можност директно да го искуси ова „чудо" на современото живеење, па го пренесе несекојдневното искуство и на нејзините читатели.
Како што образложува таа во нејзината статија, 3D принтерот овозможува било кој фајл или предмет да биде тридимензионално испринтан и тоа со материјал по избор. Во овој „експеримент" таа одбрала да добие тридимензионална верзија на самата себе.

И самата била изненадена како и колку бргу е реализиран целиот процес - неверојатно искуство од само 30 секунди. Скенерот изгледа како огромен цилиндар на чии ѕидови се монтирани камери кои го снимат објектот од секој агол.

Понатаму, новинарката објаснува дека откако било завршено скенирањето, ги разгледала фотографиите од секој агол и откако ги одобрила, го очекувала резултатот.

По две недели, на домашна адреса по пошта ја добила нејзината мини верзија.Се соочила со идентична 3D копија на која се внимавало буквално на ској детаљ, од облеката до тенот.

Оваа револуционерна технологија веќе се користи во различни индустрии, меѓу кои и во модната. Голем дел од дизајнерите го користат 3D принтерот за дефинирање на одередени детали, но има и такви кои цели колекции ги базираат на овој принцип на работа како младата и авангардна дизајнерка, Ирис Ван Харпен.

Објавено:
17 август 2015
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
831 пати