Во просториите на Модниот институт за технологија во Њујорк вчера беше отворена изложбата на историјата на долната облека каде што беа прикажани оригинални парчиња меѓу кои и такви кои што датираат од 18 – тиот век.
Изложбата која што ќе трае сѐ до 15 – ти Ноември, го следи развојот на интимната женска облека од 18 – тиот век, па сѐ до денес.
Организирана од Колин Хил – раководител куратор во Музејот, во изложбата можат да се видат повеќе од 70 уникатни примери на корсети, ноќници, лежерни пижами и разни фустанчиња што жените некогаш ги носеле за спиење.
Покрај изложбата, ова лето ќе бидат промовирани и неколку книги со истата тематика кои што ќе можат да се набават во самиот музеј каде што е отворена изложбата.
Според организаторите, најголемо внимание на изложбата се очекува да предизвикаат женските корсети од 19 – тиот век кога тие всушност и биле олицетворение на женскиот сексапил.
Девојките обожувале да ги носат не само поради секси изгледот, туку и поради тоа што тие ги стегале нивните половини со што изгледале ултра слаби. Еластичните и полесни корсети го заземаа местото на оние сексуалните некаде во 20 – тите години, со што всушност и почна ерата на поудобна долна облека што полека жените почнаа да ја обожаваат!
Во продолжение, погледнете како изгледал дел од долната облека на жените низ годините.