Fashionel со празнична забава ја заокружи успешната 2013 година

24 декември 2013

Модниот онлајн магазин Fashionel ја заокружи годинава што изминува со празнична забава во знак на благодарност до сите соработници кои го мотивираа и поддржуваа континуираниот прогрес на медиумот.

3

На вчерашната забава, која беше комбинација од моден перформанс, изложба на модни фотографии и неформална дружба, беа присутни голем дел од луѓето од модната фела, македонски дизајнери, стилисти, фотографи, манекенки, но и оние кои на индиректен начин се поврзани со модната бранша, личности од јавниот живот, актери, пејачи,  водители...

Модниот перформанс кој го отвори настанот вклучуваше уникатни дизајни на 13 познати македонски дизајнерски имиња:  Елена Лука, Антонија Ристовска, Тања Кокев, Олгица Ѓоргиева, Мила Кадриу, Ведрана Панева, Маја Кикириткова, Билјана Каран, Билјана Ѓоргиовска, Сара Сековска како и дизајнерите Ненад Секирарски, Роберт Ивановски и Бобан Илиевски. Сите се претставија со една креација-предлог за празничните забави.

Ги прашавме дизајнерите колку Fashionel им помогнал во афирмацијата на нивната професионална работа и колку концептот на овој медиум може да придонесе за квалитетот и прогресот на македонската модна сцена.

„Мислам дека порталот fashionel.mk за многу кратко време покажа дека е релевантен и влијателен медиум кој секогаш ја следи на вистински начин модата, како кај нас така и во светот. Верувам дека ќе продолжите и понатаму“, посочи дизајнерот Ненад Секирарски и ја даде својата поддршка за работата нa Fashionel.

Секирарски: . Фустанот во портокалова боја е изработен од жакард од свила и волна со рачна изработка. Овој модел е дел од колекцијата со која се претставив на Париската Модна Недела која беше инспирирана од модата на раниот 20ти век Секирарски: . Фустанот во портокалова боја е изработен од жакард од свила и волна со рачна изработка. Овој модел е дел од колекцијата со која се претставив на Париската Модна Недела која беше инспирирана од модата на раниот 20ти век

Елена Лука, која од самиот почеток го поддржува медиумот, го потенцираше неговиот едукативниот карактер. „Fashionel е тим од млади луѓе кои донесоа освежување на интернет просторот. На овој сајт секојдневно можеме да читаме актуелни информации поврзани со модата, информации за македонските и за странските дизајнери. Портал кој едуцира и го опфаќа секој агол од модниот свет. Секогаш наоѓам корисни информации поврзани со последните трендови во модата, шминка фризура.... Fashionel е дел од моето секојдневие и искрено го препорачувам секому без разлика на професијата и упатеноста во модата“, порачува Елена Лука.

Модната куќа Елена Лука се претстави со фустан во црна боја кој има мошне специфичен крој. Станува збор за вечерна тоалета која е комбинација од кроен дел и нагласен мулаж момент, кои се главни карактеристики на стилот на оваа модна куќа Модната куќа Елена Лука се претстави со фустан во црна боја кој има мошне специфичен крој. Станува збор за вечерна тоалета која е комбинација од кроен дел и нагласен мулаж момент, кои се главни карактеристики на стилот на оваа модна куќа

 

Дизајнерката Мила Кадриу смета дека недостасуваат промотивни настани од ваков тип, но и медиуми кои суштински ја третираат модата: „Јас лично сум задоволна од работата на fashionel.mk. Сметам дека е единствениот веб-портал кој ја третира на вистински начин модата, првенствено во земјата, секако и тоа што се случува во светот. Мислам дека треба да иницираме повеќе вакви настани. Само продолжете со добрата работа!

Кадриу: Одбрав краток модел, пофункционален за новогодишната ноќ. Формата е едноставна, предниот дел е со реси, анимал принт, бојата е крем со златна нијанса Кадриу: Одбрав краток модел, пофункционален за новогодишната ноќ. Формата е едноставна, предниот дел е со реси, анимал принт, бојата е крем со златна нијанса

Ја прашавме Маја Кикириткова зошто Fashionel  е нејзиниот извор на инфорамции кога модата е во прашање.„Ми се допаѓа, бидејќи немаме теми кои не прават шизофрени. На овој сајт може да најдете издржани информации единствено за мода. Овде не постои рубрика каде ни кажуваат што е здраво за консумирање, што е потребно за вашата диета, а во прилог се наоѓа торта на денот“, вели Маја.

Кикириткова: Кратко црно здолниште со карнер, со кое ќе ги истакнете вашите бедра, брокатен краток корсет со златно-црни тонови и перелина за дополнување на целокупниот изглед е мојата добитна комбинација за Новогодишната ноќ Кикириткова: Кратко црно здолниште со карнер, со кое ќе ги истакнете вашите бедра, брокатен краток корсет со златно-црни тонови и перелина за дополнување на целокупниот изглед е мојата добитна комбинација за Новогодишната ноќ

Fashionel е избор и на познатата дизајнерка Олгица Ѓоргиева: „Овој моден магазин со својата комплексност, професионалност, креативност и посветеност навистина успеа да се издвои од многу онлајн магазини. Содржината која ја нудат е свежа и сестрана. Одличен моден водич“.

Ѓоргиева: Станува збор за креација од колекцијата “Immortality”. Одбрав црна варијанта затоа што секогаш е добра и сигурна варијанта за свечена прилика. Самиот материјал е дискретно ламиран, заедно со структурата постигната со самиот крој на фустанот, дава волумен и раскошност што е одличен избор за една новогодишна ноќ Ѓоргиева: Станува збор за креација од колекцијата “Immortality”. Одбрав црна варијанта затоа што секогаш е добра и сигурна варијанта за свечена прилика. Самиот материјал е дискретно ламиран, заедно со структурата постигната со самиот крој на фустанот, дава волумен и раскошност што е одличен избор за една новогодишна ноќ

Антонија Ристовска, која присуствуваше на забавата и презентираше свој уникатен модел вклучен во модниот перформанс, се согласи за прогресот на Fashionel. „Се работи за портал кој ги придвижува модните случувања до сите оние и кои не се во можност да бидат на местото на случување, во тимот се вклучени многу млади и му даваат постојана свежина на порталот“, изјави дизајнерката.

Ристовска: Ја одбрав црвената боја и долг вечерен фустан. Инспирацијата ми е од се сто е поврзано со новата година и празниците и како асоцијација на најубавото цвеќе од овој период на годината Божикното дрво, кое буди убава топлина во нашите сетила и е во бојата на љубовта. Ристовска: Ја одбрав црвената боја и долг вечерен фустан. Инспирацијата ми е од се сто е поврзано со новата година и празниците и како асоцијација на најубавото цвеќе од овој период на годината Божикното дрво, кое буди убава топлина во нашите сетила и е во бојата на љубовта.

Комплетниот моден перформанс со сите креации на дизајнерите може да го видите на следниов линк. Дизајните на македонските креатори ги носеа прекрасните девојки од Мак Моделс.

Позитивното мислење во однос на функционирањето на модниот онлајн магазин и празничната забава, го делат и луѓето познати на јавноста, кои исто така беа меѓу гостите на забавата.

„Перформансот многу ми се допадна, особено затоа што креациите на толку многу дизајнери се најдоа на едно исто место. Тоа е за огромен поздрав. Вашите напори дефинитивно се во добра насока и ви посакувам само така да продолжите. Само со тоа темпо“, даде поддршка Алек Наумовски, менаџер на модната агенција Моделс Ин.

И шармантниот водител Марко Марк ги сподели импресиите: „Како млад човек што често ги следи интернет порталите, и нови и стари, дефинитивно Fashionel, барем во поглед на модата, направи револуција во медиумскиот простор. Со оглед на тоа што знам дека сите сте млади и ентузијасти, дури на момент си помислив дали и јас некогаш би сакал да бидам дел од ваква екипа и си реков да, бидејќи секогаш има динамика и дружење. Сакам да ви честитам и да ви кажам едно огромно браво за она што го постигнавте за краток период и од тоа се гледа дека сте професионалци во она што го работите. Јас се надевам дека ќе ви се зголемува работата се повеќе и повеќе“.

Младата и талентирана актерка Драгана Левенска, првпат имаше можност да присуствува на забава со моден предзнак:

„Јас првпат доаѓам на ваква забава и пред се, ми е многу драго што организирате еден ваков предновогодишен настан, бидејќи  токму ваквите забави се еден убав начин на промоција на македонската мода, а особено им помагаат во афирмацијата на младите дизајнери.

Нејзниото мислење го дели и актуелната, мултиталентирана пејачка Сара Мејс, на која особено впечаток и остави модниот перформанс. „Манекенките и моделите кои ги носеа изгледаа одлично, се гледа дека се вложило во подготовката и сте имале добра визија“, изјави Сара за Fashionel.

Забавата дополнително ја збогатија Илија Карадакоски и Маријана Станојковска со својот танц перформанс, со што настанот доби мултимедијален карактер.

„Забавата е преубава, гледам многу насмеани лица, среќни луѓе, сите танцуваат во ритамот на латино звуците, мислам дека ова е една добра и незаборавна вечер. Ќе очекуваме уште вакви убави забави од Fashionel во иднина“, по својот настап изјави Маријана, на што се надоврза и Илијa:„ Навистина ми е драго што не поканивте да бидеме дел од фантастичната забава.  Fashionel ми е како homepage на компјутерот, така што секојдневно ве читам“.

Во рамките на настанот присутните имаа можност да ја погледнат и изложбата на модни фотографии, дела на наши млади, неафирмирани, но исклучително талентирани фотографи кои учествуваа во наградниот конкурс за Најдобра модна фотографија, а на која победи младиот Мики Николоски кој ќе добие можност да фотографира моден едиторијал за Fashionel.

Резимето се сведува на тоа дека на македонската модна сцена и е потребен не само квалитетен медиумски третман, туку и вакви афирмативни настани кои го поддржуваат вложениот труд на нашите дизајнери. Крајот на оваа година, ветува нови почетоци со взаемна соработка. Ви благодариме што со вашето присуство ја поддржавте нашата досегашна работа, а вашиот прогрес е мотивот и визијата на нашиот континуиран раст!

Објавено:
24 декември 2013
Категорија: 
Актуел