Големиот Ив Сен Лоран беше неприкосновен генијалец, ексцентрик и моден миленик на Французите!
Кога имал само 19 години, почнал да работи за големата и позната светска модна куќа Кристијан Диор, на чие чело „застана“ на само 21 година, веднаш по смртта на Кристијан.
Пет години подоцна, ги напушти големите очекувања и стресот што му го носеше престижното место, па со помош на неговиот бизнис и љубовен партнер, Пјер Берже ги постави темелите на сопствената модна куќа под неговото име.
Тој беше апсолутен и неприкосновен генијалец, ексцентрик и неверојатен уметник и креативец.
Ликот и делото на Ив Сен Лоран беспрекорно го оживеа младиот актер Пјер Нини во филмот што го носи името на големиот генијалец.
Подеднакво добриот Гијом Галиен го глуми Пјер Берже, а Шарлот Ле Бон неговата најголема муза Виктоар.
Со својата отвореност, искреност и одлична глума, Пјер Нини предизвика бројни полемики. Контроверзен и екцентричен, како и самиот Лоран, филмот на неверојатен и живописен начин го опишува ликот и делото на големиот дизајнер.
Одличниот филм за големиот Ив Сен Лоран можете да го погледнете и во нашите кина.